сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 65
home Вести

Мицкоски: Очигледно Катица Јанева знае премногу, па Заев потрча да ја ослободи

Мицкоски: Очигледно Катица Јанева знае премногу, па Заев потрча да ја ослободи

Во интервју за КУРИР претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека е очигледно дека Катица Јанева знае премногу, па Заев потрча да ја ослободи

КУРИР: Го споменавте судството и обвинителството, верувате ли дека може да има нов закон за обвинителство во кус рок?

Мицкоски: Мислам дека на државата најбрзо и треба нова влада која ќе го ослободи судството и обвинителството од стегите и притисоците. Совршено се јасни и причините зошто Заев толку силно се бореше да ги сочува специјалните јавни обвинители чија корумпираност на најголем дел од нив може да се спореди со таа на Буркина Фасо. И за да иронијата биде поголема дури и во притворските денови на Катица дознаваме дека државата префрлала државни пари на нејзината приватна сметка. Очигледно Катица Јанева знае премногу па Заев потрча да ја ослободи и од ефективен притвор, под образложение кое треба сите да не натажи дека била невработена, но нема тага кога земала илјадници евра од државата и била преплатена. Јас бев првиот кој побара и сеуште бараме истрага за трошењето на парите од страна на СЈО и испитување на сомнежот за злоупотреби кои се правеле. Кога го барав тоа, останатите општествено одговорни субјекти, пред се обвинителството молчеа. Денес кога гледаат дека истиот тој систем им се распаѓа и тие бараат истрага. Истрага треба да има, но и одговорност.

Најнови вести

Коронавирус