вторник, 25. јануари 2022. Вести денес: 1
home Вести

Мицкоски: Очекувам да преовлада весел дух денеска и да им посакам на вевчанци успешен карневал и успешни карневалски денови

Мицкоски: Очекувам да преовлада весел дух денеска и да им посакам на вевчанци успешен карневал и успешни карневалски денови

Најпрвин да се заблагодарам на интересот на медиумите, денеска сме овде во Вевчани на традиционалниот вевчански карневал. Оваа посета ќе ја искористиме да поразговараме со граѓаните околу актуелната состојба како живеат, каков е животот, со кои проблеми се соочуваат. Исто така ќе имам можност да разговарам и со луѓето од локалната самоуправа, со градоначалникот кој што е нели нов сега од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Вевчани.

-И ценам дека овие посети покрај тоа што имаат ете би рекол забавен карактер треба да имаат и работен дел, затоа што она кое што нас како народна партија не интересира тоа е што мисли народот, како живее народот, каде можеме ние да помогнеме и кои се проектите кои што од нас народот ги очекува не само како локална самоуправа туку како и идна централна власт.

Така што очекувам да преовлада би рекол весел дух денеска и да им посакам на вевчанци успешен карневал и успешни карневалски денови, се разбира, подвлече Мицкоски.

Коронавирус