среда, 22. август 2018. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски објави изјава на Заев кога беше во опозиција: Додека ме држи памет нема да дозволам промена на Уставот (ВИДЕО)

Мицкоски објави изјава на Заев кога беше во опозиција: Додека ме држи памет нема да дозволам промена на Уставот (ВИДЕО)

Денеска на прес конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски презентираше видео во кое сегашниот премиер се колне во кое вели дека додека дише, додека го држи памет дека неговиот дедо, татко и неговите деца се Македонци родени во Македонија, нема да прифати промена на Устав со цел промена на уставно име.

На прашање на новинарката дали доколку СДСМ дојде на власт може да дојде до промена на името, тој одговара:

-Додека дишам, додека го дишам овој македонски воздух, додека ме држи памет дека мојот дедо, мојот татко сите мои предци, јас мојот син и ќерка сме Македонци родени овде во Македонија, тоа не може да се случи. И не само тоа, верувам дека не постои роден човек подготвен да излезе пред Парламент и да бара промена на Устав заради промена на уставното име, кажа сегашниот период во една прилика додека беше лидер на опозицијата.

Свој коментар на ова видео имаше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

-Се колне во неговите предци, во неговиот татко, дедо и во неговите деца. Нека суди македонската јавност со каков човек имаме работа. Ова беше она што го ветуваше Зоран Заев, но на Македонија и донесе т.н. договор за капитулација, изјави Мицкоски.