четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски обезличи три лажни вести на Зоран Заев

Мицкоски обезличи три лажни вести на Зоран Заев

Речиси пред две години Зоран Заев вети дека почнуваат со градба три капитални проекти: Нов клинички центар, нов автопат Скопје – Блаце и градба на Чебрен и Галиште. СИТЕ ТРИ ЛАЖНИ ВЕСТИ, порачува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Две години потоа епилогот е ваков: на местото каде требаше да има клинички центар зјае празна ливада, автопатот Скопје – Блаце е заглавен во бирократските лавиринти, а од Чебрен и Галиште сме далеку колку државава водена од Заев од ЕУ.

Но, сето ова не е пречка Заев повторно да ги ветува овие проекти кои нели само што не почнале да се градат. Разликата е што поминаа две години во чиста лага, а Македонија тапка во место.

Затоа, време е да се смени власта, да се поразат лагите за Македонија да оди напред“ – пишува тој!

Коронавирус