петок, 26. ноември 2021. Вести денес: 152
home Вести

Мицкоски: Новиот закон на Царовска не е реформа, туку желба за подлабоки џебови, прва мерка по нивно паѓање ќе биде враќање учебниците и одговорност

Мицкоски: Новиот закон на Царовска не е реформа, туку желба за подлабоки џебови, прва мерка по нивно паѓање ќе биде враќање учебниците и одговорност

Новиот закон на Царовска со кој сака да воведе само електронски учебници не е реформа, туку желба за подлабоки џебови на власта, со кој ќе бидат осакатени и уназадени децата, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото гостување на МТВ и додаде дека првата работа која ВМРО-ДПМНЕ ќе ја направи ќе биде враќање на учебниците и барање на одговорност за ова.

– Ниту една држава во светот нема денеска само електронско учење, туку има и хаатиена форма на учебници. Електронското учење не е реформа, туку интерактивна апликација. 25.000 деца немаат допир до компјутер. Како тие ќе имаат настава на овој метод кој го замислила Царовска?, вели Мицкоски.

Тој истакна дека има многу аргументи зошто оваа реформа не треба да се поддржи, и тоа го кажува јавноста. Наместо да се повлечат тие ќе ја вратат истата со европско знаменце мислејќи дека така ќе ја измамат опозицијата.

– Ќе ги изгубат изборите и првата реформа која ќе ја направи ВМРО-ДПМНЕ е повторно враќање на учебниците, а за ова ќе одговараат за злоупотреба на службена положба и несовесно трошење на народни пари. Ова е осакатување и уназадување на децата. Не се должни да ја трпат желбата за подлабоки џебови на власта, потенцираше Мицкоски.

Коронавирус