недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 82
home Вести

Мицкоски:Ниту СДСМ не го брани Димитров, да беше чесен немаше да чека интерпелација, нека си даде сам оставка

Мицкоски:Ниту СДСМ не го брани Димитров, да беше чесен немаше да чека интерпелација, нека си даде сам оставка

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување на македонската радио телевизија зборуваше за интерпелацијата на Никола Димитров и потенцираше дека Димитров да бил чесен немало да чека интерплација туку сам ќе си поднесол оставка.

-Јас да сум на место на Никола Димитров кога го слушнав координаторот на СДСМ, Јован Митревски дека они немало да бидат во салата кога ќе се расправа тоа е јасен доказ дека не ја владеат ситуацијата, самиот ќе си поднесам оставка, штом вие нема да ме браните. Тогаш на што личи ова еве ако сум на себе убеден дека политиките мои во овие черити години најпрвин како министер за надворешни работи, а сега и како вицепремиер биле исправни, а не сум дал доволно аргументи на пратеничката група, на партијата на власт да ме одбрани мене. Тоа е полиитчки став, тој присуствуваа на седници на раководство на највисоко ниво во СДСМ, се координира со претседател на партијата, со секретатрот, со останатите функционери на партијата и излегува во јавноста вели ние нема да бидеме во салата кога ќе се расправа. Јас да сум на негово место не ја чекам интерпелацијата, утредента си одам, кога моите немаат доверба во мене, кога моите не сум ги убедил дека сум доволно јак, што понатаму останува за овие од ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата. Мене би ми било срам да излезам во јавноста, истакна Мицкоски во своето гостување.

Коронавирус