четврток, 27. јуни 2019. Вести денес: 18
home Вести

Мицкоски: Ништо не е готово за името, никогаш нема да го прифатиме овој договор!

Мицкоски: Ништо не е готово за името, никогаш нема да го прифатиме овој договор!

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во дуелот со Зоран Заев на Канал 5 телевизија истакна дека ништо не е готово во врска со името, посочувајќи дека опозицијата никогаш нема да го прифати овој договор.

Тој потенцираше дека многу држави низ историјата капитулирале како што тоа го направи Зоран Заев со договорот од Преспа, па години потоа се вратиле на вистинскиот пат.

Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ кога ќе дојде на власт ќе работи да ги исправи целокупните последици на како што вели капитуланскиот договор со Грција.

-Ништо не заштитиле, ние не сме Талибанци па се што било позади нас да бришеме, да кинеме, да палиме или да негираме како  што тоа го прави господинот Зоран Заев. Но ќе работиме целокупната последица која е резултат на овој договор да ја исправиме и тоа никогаш нема да престанеме да го правиме. Држави капитулирале, па години потоа се обединиле и станале светски веле сили, ништо не е готово. Сите што ви викаат дека се е готово, тоа не е точно, вели Мицкоски.