вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 186
home Вести

Мицкоски: Никогаш нема да престанам да се борам за безусловна правда на сите граѓани без разлика на нивната припадност

Мицкоски: Никогаш нема да престанам да се борам за безусловна правда на сите граѓани без разлика на нивната припадност

Ние разговараме за правда. Тоа е основното нешто што треба. Ние сме политичари кои треба да се грижат, граѓаните имаат загарантирана правда и нема никогаш да бидам мирен ако видам и еден човек кој доживеал неправда поради политичко дивеење врз судски одлуки, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по средбата со претседателот на државата, Стево Пендаровски.

Мицкоски додаде „никогаш нема да престанам да се борам за безусловна правда на сите граѓани без разлика на нивната припадност и ќе зборувам со секого“.

Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ објасни дека не станало збор за амнестија.

„Ние не бараме амнестија, туку бараме правда. Што значи тоа? Тоа значи дека овие луѓе кои се обвинети за терористичко – загрозување на уставниот поредок поради непостапување е навистина драконски, и треба да ја добијат пресудата од втор степен за да имаат право на вонреден правен лек и врз основа на новите докази кои бранителите ги поседуваат да побараат правда во трет степен како што е Врховниот суд или Европскиот суд за човекови права“, рече Мицкоски.

Според него ако можеа случаите Сопот и Монструм, поради една изјава на Зоран Заев кој рече дека не се сторителите тие кои се сторители да започнат од почеток, тогаш зошто и овој случај да не почне од почеток.

„Не гледам зошто овие „терористи“ според Кацарска и Заев, врз основа на нови докази од бранителите, овој случај да го почна од почеток, и да докажат дека не се терористи, но и дека направиле грешка затоа што прекршиле закон и ќе одговараат за тоа, а не затоа што некој политички дивеел “, посочи Мицкоски.

ЕУРО 2020

Македонија