петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 49
home Вести

Мицкоски: Никогаш не се живеело потешко во Македонија

Мицкоски: Никогаш не се живеело потешко во Македонија

Народот ги препозна сите лаги на оваа политичка елита која е во Владата, но и во најголемиот дел од општините. Ги препозна сите лаги кои во минатото тие луѓе ги кажуваа, само за да дојдат до таа пуста власт, за да можат да дојдат до тие пусти пари.

Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во своето интервју за ТВ Стар од Штип.

-Ова е жолтиот картон, црвениот следува сега во недела на 5-ти мај, а потоа се знае предвремени парламентарни избори и победа на ВМРО-ДПМНЕ. Победа на еден вид нови политичари, победа на нова генерација политичари во Македонија. Луѓе кои се честити, принципиелни и искрени наспроти се овие кои денес се полни со лаги, измами, лажни ветувања, само за пусти фотелји, пуста власт, рече Мицкоски.

За резултатите од првиот круг, вели дека е синергија од сите неправди кои се случуваа во изминатиов период.

-Не можам да кажам дека немаше влијание оној капитулантски договор кој го потпиша Зоран Заев со нашиот јужен сосед, но истовремено и сите оние погрешни политики, неисполнети ветувања, нереализирани очекувања. Јас можам да ви кажам дека поминавме речиси 10.000 километри за време на оваа кампања, разговаравме лично со илјадници наши сограѓани, секаде идентична е судбината на нашите сограѓани. Идентични се сведоштвата од нашите сограѓани дека никогаш не било потешко. Никогаш не се живеело потешко во Република Македонија. Впрочем, сите оние политичари кои ветуваа живот, пекол донесоа. Појдете во Ресен ќе видите како луѓето ги сечат јаболкниците затоа што немаат кому да го продадат плодот бидејќи 1 килограм јаболка е 1 денар, сега ни за тоа немало кој да ги откупи. Појдете во Малешевијата, ќе ви ја раскажат нивната судбина со сливите кога завршуваа во коритата во реките. Во Кочани се полни амбарите со ориз затоа што нема кој да го откупи, истакна Мицкоски.

Коронавирус