Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во емисијата „Патот Кон“ на Алсат М Телевизија на прашањето во врска со албанскиот јазик вели дека него приоритет му се сите граѓани на Република Македонија. Неговата борба е подобар и поквалитен живот, поквалитетно образование, подобар и поквалитен здравствен систем и како и подобра економијата. Тој смета дека луѓето кои се моментално во Владата на Република Македонија ги политизираат работите и вели дека целатата таа работа е политиканство и на тој начин се обидуваат да креираат димна завеса.
-Ние во ниту една изјва во минатото, ниту моја, ниту на нашата партија не го негираме правото на албанскиот јазик. Напротив, видете владата на ВМРО-ДПМНЕ што има направено за албанскиот јазик. Ние ја спориме процедурата, го спориме квалитетот на решението и уставноста. Ние сме повикани тоа да го правиме. Во 2011 е регулирана употребата на албанскиот јазик. Во средините каде што има повеќе од 20 % Албанци е официјален јазик и тоа никој не го спори, вели Мицкоски.