вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 2
home Вести

Мицкоски: Ние сме искрата која ќе ја донесе зората, заедно со народот ќе ги победиме овие црнила

Мицкоски: Ние сме искрата која ќе ја донесе зората, заедно со народот ќе ги победиме овие црнила

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска беше во посета на Кавадарци каде граѓаните не се исклучени и силно ги чувствуваат црнилата на владеењето на СДСМ и Зоран Заев.

-Несигурност, црна неправда, црна корупција и криминал, црна мака на земјоделците, црно секојдневие продуцирано од власта, црнила кој го нагризуваат животот и онаа тажна слика на ветувања кои ги даваа и реалноста која потврдува дека нема да се остварат. Го слушам Заев, така помалку загрижен вели дека сум сакал да бидам премиер по секоја цена, и еве сега ќе кажам дека вистинската загуба е токму цената која веќе Заев ја исполнува, а државата ја плаќа за да тој биде и опстои како премиер.

Имаме едни давенички потези каде самиот тој си нарачува опозиција во собранието, ама не онаа која граѓаните ја избрале туку непринципиелна, која ќе може да му ги прифати и поддржи лудите политики и така братски и коалиционо ќе може да си управува, додека народот воопшто не го прашуваат.

Цената која ја плаќаме за да Заев биде премиер е и оној договор од Нивици за понижена Македонија, цената е и уништена економија и сиромаштија, цената е и одлив на странски инвестиции наместо влез (во трет квартал имаме повеќе одлив одошто прилив на странски инвестиции), цената е и потпросечен економски раст, затворени фабрики, како и Еурокомпозит, Колска и Југохром кои никако да започнат да работат.

Цената која сите ние ја плаќаме е и загадениот воздух кој е тивкиот убиец, нарушено здравје и здравствен систем кој пропаѓа.

Цената е и уценето и киднапирано судство и обвинителство кои се дисциплинират со снимани разговори кои се направени додека Спасовски е министер, подоцна Заев премиер, а Верушевски советник за безбедност. Заевиот Вотергејт објаснува дека премиерот немал натприродни способности да предвидува пресуди, туку едноставно можеби имал разговори од судии и обвинители кои исплашени одлучувале така како што власта сака? Но анализата и времето ќе покаже како се стигало и до многу други судски одлуки, чудни пресуди и судски постапки, чии телефони звонеле и зошто сега нема одговорност за ова. Дури и се ова да не е така, оваа влада има командна одговорност бидејќи година ипол управува со оваа држава, а единствено што создава се црнила. Затоа мора да удри зората и за Македонија.

Ние сме таа искра која ќе ја донесе, а вие, народот сте тие кои заедно ќе ги победиме овие црнила кои надвиснале на нашата земја, пишува Мицкоски на Фејсбук.

Коронавирус