недела, 9. август 2020. Вести денес: 88
home Вести

Мицкоски: Ние програмата ја пишувавме со експерти, професори и академици, на СДСМ ја составуваат пробисвети и оние самопрогласени независни пратеници

Мицкоски: Ние програмата ја пишувавме со експерти, професори и академици, на СДСМ ја составуваат пробисвети и оние самопрогласени независни пратеници

Ние нудиме 1000 решенија за 1000 проблеми. Јас би сакал и 10.000 да понудиме, но ние како што тоа јас го зборувам на средбите со граѓаните, ветуваме она кое што цениме дека ќе го испорачаме, затоа што граѓаните се уморни од неисполнети ветувања и нереализирани очекувања, затоа што тоа што го ветуваме таму имаме намера сериозно да го испорачаме бидејќи имаме јасно дефинирана методологија, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во вечерашното интервју за централниот дневник на ТВ Сител.

Мицкоски истакна дека во програмата Обнова на Македонија се содржани три столба, односно како што рече тој програмата се темели на економски развој на државата, право и правна држава, и брза интеграција во Европската унија.

-Главно нашата програма се содржи во три столба, првиот дел е економски развој на државата, вториот столб е право и правна држава и третиот столб е интензивна брза, робусна интеграција во Европската унија, објасни тој.

Мицкоски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ не ветува чуда, но дека она што е содржано во програмата Обнова за Македонија се обврзуваат пред граѓаните да го реализираат.

-Како што кажав ние чуда не ветуваме, затоа што чуда се невозможни. Ние не сме волшебници и практично сето на кое што е таму содржано во овие 360 страни од програмата ние имаме намера да го испорачаме и ќе го испорачаме и слободно за тоа велиме се обврзуваме, рече Мицкоски.

Мицкоски порача дека програмата на ВМРО-ДПМНЕ е пишувана од експерти, академици и професори од земјата и странство, додека пак програмата на СДСМ ја пишувале пробисвети и оние самопрогласени независни пратеници изразени во бомби кои ги пуштаа, додавајќи дека не може да се изначуди на кое ниво се доведе СДСМ на овие избори.

-Ние навистина се обидувавме да биде кампањата колку што е можно по фер и мислам дека успеавме во тоа, арткулиравме наши позиции и ставови кои што се во рамки на проектите, развојот на државата, развојот и квалитетот на демократското општество и ценам дека програмата во тие 360 страни е прилично содржајна. За разлика од нас можам да кажам дека нашиот политички противник излегоа со програма би рекол со едно лице кое што јас разговарам на еден таков нелегално стекнат материјал кој што вие го нарековте „бомба“ и уште гледам една група, тоа се оние независна пратеничка група која што потекнува од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, која што го снимала нашиот втор состанок и таму апсолутно нема ништо кое што јас веќе го немам кажано во јавноста, истото тоа им го имам и нив пренесено. Така што нашата програма ја создаваа академици професори експерти од земјата и странство, додека програмата на нашиот политички противник е создавана од она лице со кое што разговарам и овие 8темина од независната пратеничка група од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. И навистина не можам да се изначудам на кое ниво се доведе СДСМ на овие избори, нагласи Мицкоски.

Коронавирус