недела, 5. декември 2021. Вести денес: 82
home Вести

Мицкоски: Ние како ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе имаме пружена рака кон соседите, но со право да ги заштитиме интересите за Македонија

Мицкоски: Ние како ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе имаме пружена рака кон соседите, но со право да ги заштитиме интересите за Македонија

За власта, а особено за Заев ова е последната сламка за спасот. И не е незаслужено затоа што народот е против него. Тоа е последица на многу разочарувања и неисполнети ветувања. На многу порази, на многу горки чувства и подголтнувања покрај малите екрани гледајќи ги неговите пазарења, скандали и афери. 5 години е на власт и најмалку 3 пати вели дека ја разбрал пораката од народот и повторно продолжува по старо. Токму затоа народот е во апатија, затоа што гледа дека таквото поведение не се менува. Сите жолти картони се потрошени, на ред е само црвениот. А тој овој пат е кај народот, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој вечерва од Долни Сарај во Охрид се обрати по повод празникот 23-ти Октомври, Денот на Македонската револуционерна борба.

– Сосема на кратко дозволете да се осврнам на прашањето со Бугарија. Потребно е да се издигнеме над облаците на измамите и пазарењата кои ни ги носи Владата со нашите соседи. И во тој контекст немаме право да се бунтуваме против Бугарија, бидејќи природно е тие да ги штитат своите интереси, она што навистина боли е што нашата држава ја водат луѓе кои се подготвени да прифатат се, да се пазарат со се. Не е во прашање на недостиг на разбирање од двете страни, туку недостиг на мудрост од македонската влада, вели тој.

Мицкоски посочи дека таквите притисоци кон членови на историската комисија и тоа од македонскиот државен врв водат кон кавга и лоши односи и дека премиерот кога ги произведува тие ветувања кон Софија не се води од потребата за заштита на државните интереси, туку од потребата да си ја обезбеди фотелјата ден повеќе.

– Токму затоа се служи со измами кон соседите, но најважно таквите измами се кон сопствениот народ. Тој е еден човек кој е извор на стотина проблеми. Во тој контекст ќе го потсетам на резолуцијата на ВМРО која ова лето и тој ја прифати во македонското собрание. Таквите црвени линии го обврзуваат и неговото однесување кон овој спор кој пред 5 години воопшто не постоеше. Треба да знае дека од наша страна како ВМРО секогаш ќе најде поткрепа на тоа што преставуваат наши позиции за заштита на државните и национални интереси, но исто така е поважно да се заменат измамите со единство на кое повикувам, при што воедно треба да се приклучи и претседателот на државата кој не е доволно да стои настрана и да се исклучува од овие проблеми. Ние како ВМРО ДПМНЕ ќе имаме искрен однос на почит и пријателство и секогаш пријателски пружена рака кон соседите, но со целосно право да ги заштитиме интересите важни за Македонија. Тоа го кажувам јасно и отворено, наместо притисоци зад камерите а насмеани при изјавите пред камерите како што тоа го прави Заев, јас кажувам отворен став за соработка и почитување, но и одбрана на она во што веруваме, дециден е Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека односите со соседите ќе ги базираат на вредности на меѓусебна почит, толеранција и ќе ги надградуваат низ полињата на взаемен интерес на народите, и во нас секогаш треба да гледаат искрен пријател.

– Ние нема како Заев да пробуваме да ги вовлекуваме во некои непринципиелни односи, и да се служиме со измами и трикови притоа ветувајќи им се и сешто. Од нас може да имаат само искрен пријател и сосед со кој ќе работат на светла заедничка нова иднина за регионот. И драги мои, сетете се добро како ви велев дека волкот влакното го менува, но карактерот не. Но овој пат е доброто е што е прочитан, и има решение. Решението е зад параванот. Вие таму сте главни, вие и вашата волја, вие и вашите соништа, вие и нашата заедничка иднина, вели Мицкоски.

Коронавирус