сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 67
home Вести

Мицкоски: Ние господа од врхушката на СДСМ нашите согрaѓани ги нарекуваме браќа и сестри, а вие господа од СДСМ како да заборавивте кога ги нарековте стока

Мицкоски: Ние господа од врхушката на СДСМ нашите согрaѓани ги нарекуваме браќа и сестри, а вие господа од СДСМ како да заборавивте кога ги нарековте стока

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг кој се одржа во Кичево рече дека господата од СДСМ чекорат кон иднината со вреќа полни украдени пари, а додека пак ВМРО-ДПМНЕ сака да чекори кон иднината достоинствено. Имено тој додаде дека господата од СДСМ би се откажале од минатото, затоа што минатото како сидро ги влече и не им дава да одат кон иднината, додека пак ВМРО-ДПМНЕ се гордее со своето минато, со својата историја и традиција.

– Ние господа од врхушката на СДСМ нашите согрaѓани ги нарекуваме браќа и сестри, почитувани добри луѓе, а вие господа од СДСМ како да заборавивте кога ги нарековте стока, потенцираше Мицкоски.

Тој додаде дека сето овашто им го направи СДСМ граѓаните на Република Македонија нема да го заборават и сето тоа СДСМ ќе го плати на претседателски избори на 21 Април, каде народот ќе ја избере проф. Гордана Силјановска Давкова за иден претседател на Република Македонија.

Коронавирус