недела, 20. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Ние бараме правда без исклучок, Заев сака чипирано судство под негова контрола

Мицкоски: Ние бараме правда без исклучок, Заев сака чипирано судство под негова контрола

Во интервју за МТВ 2 претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека Заев сака ново СЈО кое што ќе му служи за офанзива врз политички неистомисленици, потоа да има обвинителство кое што ќе го контролира Рускоска кое што би било дефанзивно и ќе ги заштитува делата кои што се резултат на нивните криминали и Јовевски кој што сето тоа ќе го диригира.

-Од нивна страна беше даден предлог за формирање на обвинителство кое што ќе биде обвинителство за гонење на висока корупција, и кое што ќе биде на исто ниво со обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, нивен беше предлогот ние го прифативме, нивен беше предлогот да опозицијата предложи обвинител кој што ќе го води тоа ние тоа го прифативме, нивен беше предлогот ингеренциите од СЈО преку 10-те помошници на притвореничката да прејдат во рамките на тоа ново обвинителство и да продолжат предметите преку тоа ново обвинителство ние тоа го прифативме. Понатаму, нивен беше предлогот да тоа обвинителство гони корупција кај именувани избрани лица ние тоа го прифативме, вели Мицкоски.

Тој истакна дека предлогот од СДСМ да има заштитна клаузула во која што доколку опозицијата предложи име кое што не е прифатливо за власта после определен временски период советот на обвинители да избере обвинител од редот на овие 10 помошници на притвореничката не е прифатливо, затоа што на таков начин практично никогаш власта нема да биде мотивирана да го прифати предлогот на ВМРО ДПМНЕ.

-Ќе чека тој рок да истече и тогаш овој совет за обвинители да го избере она име кое што јас сега можам да ви го напишам, веднаш ставете го вие во вашиот џеб и ако тоа се случи прочитај те го тоа ќе биде името кое што ќе го избере Советот за обвинители. Зошто ова го зборам не дека сум видовит не дека имам некои парапсихолошки способности туку едноставно имаме еден градоначалник на една скопска општина кој што е коалиционен партнер на СДСМ и кој што јавно на прес-конференција сведочеше за притисоците од страна на премиерот кој што требало тој да ги прави врз членовите кои што се во судскиот совет советот за избор на судии а за процесот за промена на претседателот на Врховниот суд. Во првиот наврат не им успеа но во вториот наврат видовме дека им успеа, изјави Мицкоски.

Тој нагласи дека советот на обвинители ќе го избира името ко што ќе биде напишано, како што на идентичен начин го променија претседателот на Врховниот суд и такви работи ВМРО-ДПМНЕ не може да ги прифати.

Мицкоски: Со чипирано обвинителство и чипирано судство под контрола на Заев нема правда

„Веднаш штом Зоран Заев нарача, притвореничката напиша, Јовевски достави односно одлучи да ги преземе предметите. Така што чипирано обвинителство и чипирано судство не може да гарантира право и правдина во оваа држава“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју дадено за МТВ 2.

Мицкоски потенцираше дека законите и Уставот треба да се почитуваат безусловно и дека истите гарантираат право и правдина во државата, но денеска во Република Македонија ние имаме судство и обвинителство под команда на Зоран Заев.

-Доколку погледате многу случаи во минатото каде што беа доставувани кривични пријави со еклатантни докази за кршење на законите од страна на опозицијата како што беше оној рекорден референдумски одѕив на некои избирачки места, потоа самата онаа афера што државниот јавен обвинител ја објави дека биле снимани обвинители и судии две години, дали вие сте слушнале нешто дека е преземено по тие две прашања? Дали се знае до каде се, дали имаме развој на настаните? Еве јас ќе ви одговорам, немаме, истакна Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека тој како човек и ВМРО-ДПМНЕ како партија нема да прават компромиси со законите и Уставот, затоа што доколку доследно се почитувани на државата не и е потребно ново Пржино од кое ќе излезе друго СЈО кое што гледаме дека заврши со куфер полн со пари.

Мицкоски: Нашата позиција е правда без исклучок, а Заев сака селективна правда што е неправда

-Нашата позиција е секој, секој кој што се огрешил пред законите и се осрамотил пред граѓаните да одговара, нивата позиција е не баш секој туку да има некој кој што ќе биде привилегиран а по потреба тој истиот ако е дел од раководството на СДСМ тогаш тој е безгрешен. Од прилика така би ги сведил преговорите кои што до рано утрината ги водевме пред некој ден а се однесуваат за новиот предлог закон за јавно обвинителство.

Мицкоски кажа дека за време на преговорите наспроти него седел човек кој бледнеел и темнеел мислејќи на Заев затоа што е уплашен дека порано или подоцна за месеци од сега правдата ќе стигне.