петок, 31. март 2023. Вести денес: 128
home Вести

Мицкоски: Ни ветуваа “живот“, донесоа пекол и темнина

Мицкоски: Ни ветуваа “живот“, донесоа пекол и темнина

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од пред Владата, каде што беше целта на протестниот марш, рече дека оваа власт мора да си замине затоа што, како што рече, година и половина ја уништува Македонија.

-Ни ветуваа пет проценти раст на БДП во програмата што ја нарекоа „Живот”, пекол донесоа, темнина донесоа кај секој еден граѓанин во Република Македонија. Направивте Македонецот да биде рамнодушен на се. После сите овие понижувања и омаловажувања што ни ги направивте овие година и половина, после сите распродажби на националните интереси, после целиот хорор којшто и го направивте на вашата татковина, се обидовте да направите Македонецот да биде рамнодушен. Но, ние тоа нема да ви го дозволиме. Ние ќе застанеме еден до еден, сите заедно со сите граѓани без разлика на нација, без разлика на вера против вас и ќе ви го покажеме вашето место во историјата, на темната страна на историјата на следните предвремени или редовни парламентарни избори ќе ве поразиме жестоко, рече Мицкоски.