четврток, 2. јули 2020. Вести денес: 236
home Вести

Мицкоски: Неразбирливо е неодговорното однесување на власта кон животите на луѓето

Мицкоски: Неразбирливо е неодговорното однесување на власта кон животите на луѓето

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Клан Дебата„ на телевизија Клан истакна дека неразбирливо и неодговорно е однесувањето на власта која бара брзи избори кога секојдневно имаме високи број на новозаразени од КОВИД-19.

„Навистина не можам да ги разберам како неодговорно вака се однесуваат, Јас навистина не можам да ги разберам. Еве се трудам да ги разберам но не можам да ги разберам. Вакво неодговорно однесување не е својствено за тотално почетници во политиката, не луѓе кои што од времето на транзицијата се присутни, рече Мицкоски.

Мицкоски меѓудругото уште еднаш повтори дека ако се одлучат да одат на избори во јуни тогаш нека им е со среќа.

Парламентарни избори 2020