среда, 2. декември 2020. Вести денес: 213
home Вести

Мицкоски: Неправда е да барате повторно гласови од народот во Република Македонија, а да ги нарекувате сурати и да не ви излегуваат пред очи

Мицкоски: Неправда е да барате повторно гласови од народот во Република Македонија, а да ги нарекувате сурати и да не ви излегуваат пред очи

На денешниот митинг во Општина Бутел Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се обрати пред граѓани, потсетувајќи на заевизмот “Кажувам, заборавам, негирам”.

Најпрвин кажа дека доколку неговиот деспотски избран кандидат за претседател ги загуби овие претседателски изборите потоа ќе распише предвремени претседателски избори, а потоа на една локална телевизија дека нема таква намера дека не бил добро сфатен за да конечно каже дека они и сега би распишале предвремени парламентарни избори ама бидејќи ќе не згазеле затоа не распишале. Епа господине Заев пред некој ден овде беше господинот Стево, па може да споредите како помина Стево и каква е оваа слика во овој победнички Бутел па вие донесете заклучок дали ќе не згазите или ќе бидете згазени, подвлече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потсети на неправдите кои се случуваат во Македонија.

Христијан Мицкоски потенцираше дека “Неправда е кога Зоран Заев како опозиционер ќе вети дека овде ќе никне поликлиника, а две три години потоа нема поликлиника. Неправда е кога Зоран Заев и врхушката на СДСМ на скопјани ќе им ветуваат чист алпски воздух, само за да дојдат до тие пусти пари и фотељи а кога се власт ниту воздух има, а и тој што го имаме тешко се дише бидејќи е немаштија и безпарица во Република Македонија. Неправда е кога Зоран Заев како опозиционер ќе не убедува во неговата жица, ќе се колне во децата ќе се колне во дедовината и татковината дека нема да го избрише идентитетот, а првиот момент кога ќе има можност единственото нешто што ќе го направи во овие две години е токму тоа бришење на идентитетот, бришење на нашиот корен. Но господине Заев овие луѓе и секаде низ Македонија се како пиреј и ти ги потцени”.

Веднаш по победата на претседателските избори, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ најави дека следува една голема победа на следните предвремени парламентарни избори. Кога народот ќе си ја врати државата онаму кај што припаѓа.

“Неправда е кога ќе ги редите оние чевли пред владата и ќе клеветите и лажете како опозиционер дека поради политиките на таа влада луѓето ја напуштиле државата, а кога ќе имате можност тие луѓе да ги вратите ниту еден од нив нема да ги облече тие обувки туку дополнително ќе се засили иселувањето од Македонија и тоа на цели семејства кои разочарани од вашите безочни лаги и неисполнети ветувања заминуваат од родното место”, додаде Мицкоски.

“Неправда е кога ветувате реновирани училишта и студенски домови а денеска ги гледаме студентите ги подготвуваат испитите во субстандардни услови”, нагласи Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Неправда е господине Заев да барате повторно гласови и поддршка од народот во Република Македонија, а да ги нарекувате сурати и да не ви излегуваат пред очи. Вие се срамите да ја интонирате македонската химна, обвнини Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ

Ние се нарекуваме браќа и сестри почитувани граѓани и добри луѓе, заврши Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус