вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 52
home Вести

Мицкоски: Неопходно е формирање на ДИК

Мицкоски: Неопходно е формирање на ДИК

Неопходно е формирање на ДИК, според претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој во своето денешно интервју во вестите на Сител телевизија потенцира дека ДИК е тело кое е од исклучителна важност како за изборите, така за референдум, но и за други процеси. Мицкоски нотираше и дека дополнително ќе следат разговори помеѓу опозицијата и позицијата на кои ќе се усогласат ставовите по што ќе следи нејзино формриање.

На прашањето: Зошто Антонио Милошоски предложи формирање на ДИК и дали за тоа ја има поддршката од партијата? Мицкоски рече:

„ Ние имаме ДИК која е во оставка, со исклучок на еден член, тој е членот од БЕСА, кој што беше последен избран во очи на локалните избори. Логично е државата да има комплетирана Државна изборна комисија, бидејќи истата не се занимава само со проблеми поврзани со избори, туку и со други проблеми. Ние веќе подолг период имаме отсуство на комплетирање на едно такво тело и затоа мислам дека постапката на господинот Милошоски е апсолутно во насока на тоа да помогне во процесот да се интензивира истиот и да се изберат тие луѓе кои што понатаму би ја сочинувале ДИК. Бидејќи можеме да се соочиме со процеси кога ние неможеме да одиме напред бидејќи немаме формирана ДИК. “

Според Мицкоски има многу процеси кои можат да бидат закочени, ако немаме формирана ДИК. Вклучително и за референдум, кој не би можел да се случи доколку нема формирано такво тело.
Запрашан за модалитетот на избор на членовите на ДИК, Мицкоски рече:

– Најпрвин е добро во едни мегупартиски разговори опозицијата и позицијата да ги усогласат сопствените позиции, околу тоа како понатаму ќе биде формирана ДИК. Па дури потоа истите да се изберат во рамките на ДИК.