сабота, 4. јули 2020. Вести денес: 109
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Вести

Мицкоски: Немаме менаџмент на владата со кризата

Мицкоски: Немаме менаџмент на владата со кризата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето интервју за телевизија „Сител“ посочи дека потребно е оваа пандемија добро да биде менаџирана како што тоа го прават земјите од соседниот регион имено тој потенцираше дека оваа владата предводена од СДСМ не знае и нема капацитет да ја менаџира кризата поврзана со корона вирусот.

-Потребно е оваа пандемија добро да биде менаџирана како што тоа го прават земјите од соседниот регион. Но совеста ќе ми биде чиста и на мене и на останатите кои се на таа маса на лидерската средба  ако ние навистина ја ставиме оваа пандемија во рамките на едно менаџирање со таа пандемија како што тоа го направија определени земји  во регионот. Словенија вчера имаше на 1100 тестирања 1 заболен  и ниту еден починат тогаш ние можеме да зборуваме дека сме се справиле  со пандемија односно како што во едно интервју господинот Заев кажа танцуваме со пандемијата. Кога ние броиме 10 ново инфицирани и неколкумина на ден починати како резултат на таа пандемија ние навистина не можеме да кажеме дека сме се справиле и тоа е доволен показател дека ни треба се уште време да се бориме со пандемијата, а притоа да водиме сметка дека да треба да се случи институциите да бидат функционални. Ние цениме врз основа на сите оние информации кои што ги добиваме дека месеците кои што ги предложивме односно крајот на месец август или почеток на септември е доволен период да можеме навистина да ја ставиме ситуацијата во контрола. Во исто време ќе дозволиме Комисијата за заразни болести да изготват протоколи кои ќе значат заштита на здравје на учесниците во изборниот процес, истакна Мицкоски.

Најнови вести

Парламентарни избори 2020