понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Немам концесии спрема никого, најважни ми се граѓаните!

Мицкоски додаде дека целта на партијата ќе биде ВМРО-ДПМНЕ  да победи на следните предвремени парламентарни избори и да освои 61 пратеник.
Мицкоски: Немам концесии спрема никого, најважни ми се граѓаните!

Сите оние луѓе кои што ме познаваат и кои што имале можност да ме запознаат и да соработуваат со мене знаат дека јас во животот немам концесија никаква. Моја единствена цел како претседател на ВМРО-ДПМНЕ е да анимирам што е можно поголем број луѓе, целни групи а се со цел да застанат рамо до рамо со нас и да ја поразат оваа деструктивна политика којашто во моментот ја води владата на Зоран Заев заедно со коалицијата која што е дел од неа. Апсолутно не станува збор за никаква концесија нити за никакви ветувања, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан  Мицкоски во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 ТВ.

Тој додаде дека единствената цел на неговата работа е да направи подобро место за живеење во Македонија.

-Сето ова го правам само со една цел, а тоа е да направам подобро место за живеење. Сите предлози што ги давам на моите соработници кои што дел се прифаќаат, дел се домоделираат, дел не се прифаќаат нормално се во насока на тоа да направиме постабилна, покохерентна структура на ВМРО-ДПМНЕ, да анимираме што е можно повеќе наши поддржувачи и истомисленици како би можеле на поедноставен начин да ја поразиме оваа деструктивна политика, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски додаде дека целта на партијата ќе биде ВМРО-ДПМНЕ  да победи на следните предвремени парламентарни избори и да освои 61 пратеник.

-Нашата цел е победа на следните предвремени парламентарни избори и 61 пратеник. Како ќе дојдеме до таа цел, тоа е до нас. Дали алатките коишто ги користиме ќе бидат во полза на сето ова, ќе видиме, времето ќе покаже. Јас сум сигурен дека тие алатки се навистина тие што треба да ги користиме и тие алатки нас ќе ни ја донесат победата со 61 пратеник, а тоа е на следните предвремени парламентарни избори, потенцираше Мицкоски.

Коронавирус