сабота, 22. септември 2018. Вести денес: 23
home Вести

Мицкоски: Нема да се пазарам со власта со ништо што е надвор од моите принципи

Мицкоски: Нема да се пазарам со власта со ништо што е надвор од моите принципи

Било какво пазарење во иднина со моите принципи не само што нема да има, туку ниту сум подготвен ниту имам таква намера со некого да преговарам надвор од моите принципи, а моите принципи, кога станува збор за националното прашање е токму оној мотив кој што Христијан Мицкоски го натера во 1996-та година да се придружи на ВМРО-ДПМНЕ како единствена национална политичка опција во тој момент во Република Македонија.

Ова го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на Телевизија 24.

-Така што сите ние кои што сме се одлучиле да се приклучиме кон ВМРО-ДПМНЕ, кога станува збор за националните прашање, доколку имаме факти и аргументи, тогаш нема компромис, ниту има било каков простор за било каков пазар, рече Мицкоски и додаде:

„Со принципите нема пазар, со чесноста и искреноста нема пазар. Така сум функционирал, така функционирам и така ќе функционирам“.