недела, 9. мај 2021. Вести денес: 134
home Вести

Мицкоски: Нема да прифатам лажирани бројки на пописот

Мицкоски: Нема да прифатам лажирани бројки на пописот

Денес по прес конференцијата, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски беше прашан за законот за попис, и како во пописот ќе биде наведена дијаспората.

– Не мене не ми е сеедно дали мојот БДП ќе го поделам од 11 милијарди евра на резидентното население кое ја остварува таа бројка или со регистарот на државјани кои создаваат БДП во државите каде што живеат тоа нема да го прифатам. Тоа е лажирање, нагласи Мицкоски.

Мицкоски додаде дека во методологијата на Еуростат јасно се наведува што е резидент, што е дијаспора, што е привремен резидент. Сите оние кои што се во момент на попис, надвор, а не го одјавиле живеалиште во рок од 12 месеци, може да ја користат онлајн апликацијата.

– Од првиот ден заклучно со овој денешен ден кога го давам одговорот на вашето прашање, мојот став е дека дијаспората се евидентира. И не може да биде дел од пописот. Зошто? Еве ќе ви објаснам зошто. За тоа ако го прочитате законот членот 8 во став 2 и 3 јасно кажува кој дел на лицата кои што во моментов на спроведување на операцијата попис не се наоѓаат во Македонија туку се наоѓаат надвор од Македонија односно со времен престој, јасно значи дека тие не го откажале живеалиштето тука, и во следниот член е детерминирано времен престој што значи, а времен престој подразбира дека тоа лице се наоѓа таму поради образование, здравствени причини, бизнис итн. Сите лица кои што имаат повеќе од 12 месеци одјавено живеалиште во Македонија не може заедно со мене да влезат во вкупната бројка на резидентно население. И јас и ВМРО-ДПМНЕ тие бројки нема да ги признаеме. И не постои сила која што мене ќе ме натера да одам спротивно од стандардите на Еуростат“.

Мицкоски посочи дека такви несериозни работи и луѓе кои користат национализам за да ги зачуваат своите привилегии ги злоупотребуваат чувствата на граѓаните во Македонија не само на Албанците, туку и на останатите кои живеат во Македонија, Македонците, Турците, Србите, Ромите, Власите, И во Сарај, и тој во Грчец, и тој во Желино кој што мака мачи денеска да го помине денот и да го прехрани своето семејство исто живее како тој во Ново село, Босилево, Василево.

– Тие луѓе кои го одјавиле местото на живеење од Македонија ќе бидат попишани во државата каде што живеат, а не тука. Не може два пати да бидат попишани. Колку и да сакаат да се трудат малкумината политичари од албанските партии да ги злоупотребуваат чувствата на Албанците нема да успеат, нагласи Мицкоски.

Коронавирус