понеделник, 28. септември 2020. Вести денес: 103
home Вести

Мицкоски: Нема да ја поднесеме кривичната пријава за Филипче, не затоа што е неоснована, но не сакаме да дефокусираме

Мицкоски: Нема да ја поднесеме кривичната пријава за Филипче, не затоа што е неоснована, но не сакаме да дефокусираме

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека во моментов кривичната пријава за министерот за здравство, Венко Филипче само би ја дефокусирала јавноста иако за неа постојат сериозни основи.

Тој во гостувањето во емисијата „Само Интервју“ истакна дека врз основа на сите информации кои пристигнале до ВМРО-ДПМНЕ, кривичната пријава за Филипче во моментот кога опозицијата ја најави била логичен чекор, но со оглед на сериозноста на ситуацијата со пандемијата на коронавирусот истата не била поднесена.

-Ние најавивме на почетокот точно како политичка партија врз основа на сите информации кои дојдоа до нас, видовме дека во овој момент не треба да се разговара за кривични пријави туку да се грижиме за сето она кое што ни следува. Јас не би се согласил дека народот мисли дека добро се справува со кризата, вели Мицкоски.

Мицкоски ја потсети јавноста на сите оние анкети на кои граѓаните работата на Филипче ја оценуваа со двојка и посочи дека никогаш не би го задржал како министер за здравство во својата Влада.

-Народот велеше и го оценуваше менаџирањето со здравството со двојка, дали добро менаџираше со здравството, дали вие би го задржале како министер?

Коронавирус