среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 1
home Вести

Мицкоски: Нема да дозволам да се појавуваат луѓе како вицевци во владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, мора да се има морален кодекс и не се сите исти

Мицкоски: Нема да дозволам да се појавуваат луѓе како вицевци во владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, мора да се има морален кодекс и не се сите исти

Имало многу контроверзни ликови на македонската политичка сцена од осамостојувањето па се до денес со кои се врзани многу митови, определнени сведоштва, вистини, невистини…. Но, за мене моногу е важен моралниот кодекс кој често го повторувам, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа.

-Моралниот кодекс ќе биде основно начело на функционирање на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа ќе биде и еден од принципите врз кои ќе се прави идната влада, на тој принцип и ќе се прави коалицирањето, посочи Мицкоски.

Според него многумина се и скептични во однос на тоа.

– Многу ќе речат сега сум во опозицијата, ќе биде друго кога ќе бидам на власт. И тоа е нормално луѓето се незадоволни, често биле лажени. И кај нив се создава едно чувство, едно видување дека сите се исти. Но, не се сите исти, а една од алатките ќе биде токму тој морален кодекс, посочи Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ укажа дека моралниот кодекс му е водилка и во приватниот и во професионалниот живот подеднакво.

Коронавирус