петок, 4. декември 2020. Вести денес: 26
home Вести

Мицкоски: Нека е честит големиот празник Свети Сава!

Мицкоски: Нека е честит големиот празник Свети Сава!

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на сите припадници на српската заедница во Република Македонија им го честита големиот празник Свети Сава.

„Чествувањето на денешниот празник посветен на првиот српски архиепископ  и просветител претставува почитување на неговото животно дело и вредности кои ги надминаа етничките рамки и сите нас не научија на меѓусебно разбирање и почитување. Неговото дело не обединува во заложбата за креирање на подобра иднина преку јакнење на културните односи во нашата татковина.

Српската заедница како нераскинлив дел од македонското општество  со својата култура и традиција придонесува за збогатување на нашето мултикултурно општество и градење на соживот и мостови на доверба и пријателство во Република Македонија.

Сите ние заедно ја живееме денешната реалност на погазено достоинство, тежок живот, сиромаштија и разочарувања. Затоа преку меѓусебна почит ние мораме да се обединиме и да донесеме промени и да ја обновиме нашата заедничка татковина за да создадеме подобра држава и подобра иднина за нас и нашите идни генерации.

Нека денешниот ден ви донесе многу здравје, радост и благосостојба вас и на вашите семејства. Нека е честит големиот празник Свети Сава – истакна тој во честитката.

 

Коронавирус