петок, 18. октомври 2019. Вести денес: 66
home Вести

Мицкоски: Недозволиво е само со матични броеви еден член на семејството да ги попишува сите други

Мицкоски: Недозволиво е само со матични броеви еден член на семејството да ги попишува сите други

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во Топ Тема на телевизија Телма ја коментираше актуелната тема околу спроведувањето на пописот во 2020 година.

Тој во повеќе наврати истакна дека е целосно недопустливо граѓаните да се попишуваат само со матичните броеви и да се отвори простор еден член на семејството да ги попишува сите други. Мицкоски посочи ваквото попишување на населението е  резултат на политичкиот пазар кој како што вели го донел Зоран Заев на власт.

-Денеска според оваа методологија која што е избрана и која што се обидуваат на брза трака во рамките на собранието да  ја протуркаат, ќе се попишуваат практично сите оние кои што имаат матичен број во Република Македонија, но не значи дека се државјани на Република Македонија и не значи дека еве тие луѓе се се уште живи, вели тој.

Мицкоски заклучи дека се знае каква е директивата на Еуростат и се знае како се врши попис на граѓаните и домаќинствата, односно не треба ништо ново да се измислува во Македонија.

-Се знае каква е директивата на Еуростат и се знае како се врши попис на домаќинства и граѓани во Република Македонија. И не треба да сме ние многу аналитични и да измислуваме нешто туку треба да го практицираме она кое што денеска современите европски држави го практикуваат кога го попишуваат населението и домаќинствата во нивните држави, заврши Мицкоски.