четврток, 12. декември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Недобивањето на датум претставува едно комплетно фијаско на политиките на СДСМ и Зоран Заев

Мицкоски: Недобивањето на датум претставува едно комплетно фијаско на политиките на СДСМ и Зоран Заев

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицкоски при интервјуто за ТВ Сонце посочи дека по фијаското на Зоран Заев за недобивање на датум, граѓаните ќе го казнат на 12-ти април, а потоа ќе започне постепеното зачленување на Република Македонија во рамките на ЕУ. После фијаското на СДСМ што се случи, на 12-ти април граѓаните ќе можат тогаш да кажат и да одлучат дали навистина „блескаме“ според Зоран Заев, или пак во полоша состојба не била Македонија. Важно е да се каже дека недобивањето датум претставува едно комплетно фијаско на политиките на СДСМ и Зоран Заев, истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде дека сега се говори за нон пејпер кој што практично и беше презентиран на јавноста, не само на македонската туку и на европската.

-Ние во овој момент не можеме да зборуваме за датум, ние можеме да зборуваме за нова методологија, односно процес кој што треба да отпочне, тоа не е датум на преговарање, туку процес кој што ќе подразбира постепено зачленување на Македонија во рамките на ЕУ. Имајќи во предвид дека ние сега ја видовме рамката, без да ја видиме суштината и претпоставувам дека допрва ќе следи во рамките на ЕУ земјите членки да отворат внатрешна дебата, да ја доуредат, специфицираат, да ја конкретизираат и да можат конечно на крај да ја испорачаат на земјите кои што се аспиранти за полноправно членство во рамките на ЕУ, појасни Мицкоски.

Мицкоски рече дека ќе има доста предизвици до моментот до кога не се добие конечниот документ, односно новата методологија, па дури потоа може да се говори за отпочнување на процес на постепено зачленување на Македонија во рамките на ЕУ.