среда, 28. јули 2021. Вести денес: 157
home Вести

Мицкоски: Не знам дали ќе има словенечки предлог за напредок кон ЕУ, но знам дека треба да има македонска понуда, поточно да немаме толку сиромаштија, невработени, криминал

Мицкоски: Не знам дали ќе има словенечки предлог за напредок кон ЕУ, но знам дека треба да има македонска понуда, поточно да немаме толку сиромаштија, невработени, криминал

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Тема на денот во Сител телевизија, истакна дека не знае дали ќе има словенечки предлог за преговорите кон ЕУ, но дека е сигурен дека мора да има македонска понуда која ќе опфаќа да не сме на 111-то место по криминал и корупција, да имаме посилна економија, реформирано образование, навремена набавка на вакцини, а со тоа би си ја завршиле домашната задача.

-Ако некој има проблем со она кое јас го зборувам подготвен сум да дебатирам, го повикав во вашето студио Зоран Заев да излеземе на дебата, но тој не се охрабри, рече да заврши Самитот, еве заврши и повторно ја реактуелизирам таа покана на еден дуел да разговараме што е вистината, граѓаните заслужуваат да ја знаат вистината, порача Мицкоски.

Тој вели дека не можеме повеќе да зборуваме за португалскиот предлог кога тој е одбиен уште со самото негово поднесување, како и дека таа работа е завршена.

-Словенечки предлог не знам дали ќе има, но треба да имаме македонска понуда, а таа е да не сме 111-ти според криминал и корупција на Транспаренси Интернешнл, да немаме најмногу починати од коронавирус и веќе требаше да седнеме да размислиме како да донесеме вакцини за следниот бран од септември па натаму, да имаме силна економија, да имаме реформирано образование, ако таа понуда не ја дадеме, односно ако не си ја завршиме домашната задача, да немаме притиснати обвинители и корумпирани судии, вели Мицкоски.

Тој порача дека Македонија мора прво да ги среди овие работи, затоа што се’ останато може да се реши, но за да се решат овие проблеми треба многу работа, креативност, знаење и визија, кои работи власта ги нема.

Коронавирус