понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 175
home Вести

Мицкоски: Не верувам во кампањите на власта, да имаа чесна намера ќе обезбедеа навреме вакцини

Мицкоски: Не верувам во кампањите на власта, да имаа чесна намера ќе обезбедеа навреме вакцини

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, вечерва во „24 Анализа“ во Телевизија 24, во врска со кампањите на Владата за стимулирање на вакцинацијата на населението, истакна дека тој нема доверба во чесната намера на Владата преку кампањите да стимулира вакцинација, затоа што смета дека зад тоа стои авансирање пред локалните избори на одредени структури, а да се имаше чесна намера ќе се обезбедеа вакцините навреме.

-Немам доверба во чесната намера на Владата дека преку овие кампањи сакаат да стимулираат вакцинација, бидејќи ако навистина сакаа да стимулираат немаше да трчаат по провизии туку ќе направеа определени стимулации кај граѓаните, за да граѓаните бидат мотивирани за да се вакцинираат и ќе обезбедеа вакцини, појасни Мицкоски.

Мицкоски вели дека Владата има задни намери затоа што има избори, па се авансираат суми кон одредени структури кои се присутни во адвертајзингот.

-Би сакал да грешам, но сепак мислам дека немаат чесна намера и мислам дека тоа е аванс за локалните избори , вели Мицкоски.

Локални избори 2021