сабота, 19. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Не смее датумот за преговори да биде загрозен поради арамиите на власт

Мицкоски: Не смее датумот за преговори да биде загрозен поради арамиите на власт

Не смее датумот за почнување на преговори со Европска Унија да биде загрозен поради криминалците и арамиите коишто се власт, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за МТВ 2.

ВМРО-ДПМНЕ, работеше, работи и ќе продолжи да работи кај сестринските партии во насока на тоа да државата добие датум за почнување на преговори. А јас како претседател на ВМРО-ДПМНЕ ќе подготвувам писмо, истото тоа писмо ќе го упатам до претседателот на Европската Народна партија до лидерите на сите партии кои што се сестрински партии на ВМРО-ДПМНЕ, а се дел од Европската народна партија да сега во октомври безусловно Македонија да добие датум за почнување на предговори, потенцираше Мицкоски.

Тој истакна дека датумот за преговори не треба да се спојува и поврзува со оваа криминална октопод рекетарска влада која што владее во Република Македонија затоа што тој е заслуга на граѓаните без разлика на нивната партиска, етничка или верска припадност.