сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 46
home Вести

Мицкоски: Не се откажувам од уставобранителите и нивните семејства

Мицкоски: Не се откажувам од уставобранителите и нивните семејства

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во „Јади Бурек“ кај Јанко на ТВ Сонце одговарајќи на прашање кој е планот на партијата откако ќе се врати на власт за уставобранителите кои се по затворите, вели дека јавно нема да зборува на таа тема бидејќи е сензитивна, но дека не се откажува од нив и нивните семејства.

-Тоа е сензитивна тема, но она што можам да кажам дека имаме јасен план како по тоа прашање, рече Мицоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, додаде дека и уставобранителите и нивните семејства многу добро знаат дека не се заборавени од него и од ВМРО-ДПМНЕ и им порача да издржат затоа што доаѓаат подобри  времиња во Македонија.

-Апсолутно не се откажувам ниту од нив, ниту од нивните семејства, а тоа тие го знаат добро. Еве ја користам приликата да ги поздравам и да им порачам да издржат. Доаѓаат подобри времиња, потенцираше Мицкоски.

Коронавирус