понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 100
home Вести

Мицкоски: Не само што нема да поддржиме постапка за импичмент, туку не ни помислуваме на такво нешто

Мицкоски: Не само што нема да поддржиме постапка за импичмент, туку не ни помислуваме на такво нешто

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во емисијата „На патот кон“ на телевизијата Алсат-М рече дека ВМРО-ДПМНЕ не ни помислува да поддржи постапка за импичмент на претседателот Ѓорге Иванов.

-Изјавата на Заев беше донесена во конотација дека доколку одбие да го потпише Договорот, тогаш тие би покренале постапка за импичмент. Врз основа на одговорот вчера кој што го даде претседателот Иванов, и го повика веднаш, доколку цени дека треба повика, нека го повика тоа 2/3 мнозинство и нека ја отпочне постапката. Но, еве јас ви кажувам дека не само што го нема и што само пазарџиски блефира и си игра со чувствата на луѓето, туку се обидува повторно грубо да манипулира и да лаже и создава лажна надеж кај луѓето, рече Мицкоски, додавајќи дека Иванов е повикан да го штити Уставот и неговна должност е да го заштити Уставот.

Според него, доколку Договорот е противуставен, а како што рече, тоа од авион се гледа, претседателот Иванов мора да постапи во насока на заштита на Уставот.

-ВМРО-ДПМНЕ такво нешто не само што нема да поддржи, туку нема ни намера да размислува за такво нешто, рече Мицкоски, додавајќи дека е 100 отсто сигурен оти пратениците од неговата партија, но и од коалицијата нема да поддржат импичмент за претседателот Иванов.

Коронавирус