вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 158
home Вести

Мицкоски: Не само што нема да го избереме, туку ќе го замолиме Пендаровски заедно со Заев да не ни излегуваат пред очи

Мицкоски: Не само што нема да го избереме, туку ќе го замолиме Пендаровски заедно со Заев да не ни излегуваат пред очи

-Вистината е дека на 21 април и 5 мај победуваме, готови се. Народот е тој кој ги креира тезите и политиките, тоа не прави нас различни. Ќе дојде поинаква реалност во Република Македонија каде што политичарите ќе се одликуваат со сопствената честитост каде што зборот на политичарот ќе држи и каде што политиките политичарот ќе ги гради заедно со граѓаните и помеѓу граѓаните. Ќе ја кренеме оваа Македонија од пепел кој ќе ни го остават Зоран Заев и СДСМ. Водеа ненародна политика. Со лаги дојдоа таму каде што се и со лаги владеат затоа што се полни со криминал, изјави вечерва Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од митингот во Кисела Вода и додаде:

„Му се закануваат на народот да не му излегува на очи ако не го избереле Стево Пендаровски. Епа еве Стево ќе ти одговориме овде од Кисела Вода, не само што нема да те избереме туку и ќе те замолиме и ти да не ни излагаш повеќе пред очи заедно со твојот ментор Зоран Заев.“

Коронавирус