сабота, 23. октомври 2021. Вести денес: 85
home Вести

Мицкоски: Не сакам да победам и да бидам мандатар по цена на човечки жртви, здравјето на граѓаните на прво место

Мицкоски: Не сакам да победам и да бидам мандатар по цена на човечки жртви, здравјето на граѓаните на прво место

Најпрво ќе почнам со фактот дека ако еден човечки загубен живот е цената со која што треба ВМРО-ДПМНЕ да победи на следните предвремени парламентарни избори а јас да го добијам премиерскиот мандат тогаш одбивам да бидам дел од таквата процедура и така ја почнавме денешната лидерска средба бидејќи тоа е во согласност со сите ставови кои што изминатите денови политичките лидери на политичките партии излегуваа во јавноста дека не е важен изборниот процес, не се важни изборите, туку важно е пред и над се здравјето на граѓаните. Тоа беше нашата позиција од самиот почеток, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по денешната лидерска средба.

Имаше и такви позиции кои што го определуваа датумот, а потоа велеа дека Комисијата за заразни болести треба да каже дали и како ќе се спроведуваат мерките, дали и како ќе се спроведуваат изборите, што го оценивме како политичка партија и јас како учесник на состанокот како незрело и несериозно, рече Мицкоски.

-Имајќи предвид како се одвиваше и развиваше дискусијата во еден момент предложивме план како да дојдеме до кредибилен изборен процес, а притоа здравјето на граѓаните да не биде загрозено, граѓаните да не бидат изложени на вирусот Ковид 19, а со тоа да ги заштитиме што е можно повеќе човечките животи, а воедно да обезбедиме и кредибилен, фер и демократски изборен процес, додаде Мицкоски.

-Предложивме план во неколку чекори и тоа најпрвин ако се водиме од ставот дека здравјето на граѓаните ни е најважно тогаш треба да се консултираме со Комисијата за заразни болести и никој од нас не треба да го проблематизира нивното мислење во насока на тоа кога ќе одлучуваат дали и какви мерки треба да се спроведат. Потребно е да имаме фер и кредибилен изборен процес и мерките кои што ќе бидат во текот на тој фер и кредибилен изборен процес навистина да гарантираат фер и кредибилен изборен процес, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

-Втората работа е консултации со ДИК за времето неопходно да се спроведе овој фер и кредибилен процес под услов првиот чекор да биде исполнет. Понатаму да се оствари комуникација и контакт со ОБСЕ и ОДИХР во делот на организирање на набљудувачка мисија. И како четврта точка откако ќе ги имаме овие константи тогаш ќе можеме да зборуваме за прва возможна дата кога ќе се случат изборите, дополни Мицкоски.

Водени уште од претходно усвоениот принцип уште за време на првата лидерска средба кај претседателот Пендаровски кога консензуално сите се договоривме дека датум за избори консензуално ќе донесат политичките лидери, денеска го реафирмиравме тој став, изјави Мицкоски.

-Така што да сумирам, поврзано со изборите предложивме план, од страна на учесниците со мали измени тој план беше прифатен и очекувам дека во текот на следната недела ќе ги имаме како информации овие константи за кои што пред малку зборував и ќе можеме одговорно над ситуацијата водејќи се од првиот принцип а тоа е заштита на здравјето на граѓаните да не бидат истите изложени на ризик, да реализираме фер ден и кредибилен изборен процес, рече тој.

-И последно нешто што сакам денеска да дадам дека во воведниот дел претседателот Пендаровски побара од присутните да го дополнат дневниот ред доколку чувствуваат тој дневен ред да биде дополнет, јас земав збор и предложив да содржината на дневниот ред биде дополнета со уште една точка, а тоа проблемите кои што ние ги имаме со нашиот источен сосед во делот на негирање на идентитетот, на идентитетските прашања, што објективно може да биде реална пречка за напредокот на Република Македонија во евроинтеграциите, рече Мицкоски.

-За жал немаше консензус, односно претседателот на СДСМ одби да разговара за оваа точка да биде дел од дневен ред. Жалам што ја испуштивме оваа можност заеднички да еднаш изградиме консензуален став околу националните приоритети кои што понатаму треба да ни бидат водилка како ќе пристапуваме кон ЕУ. Се надевам дека ќе се осмелат и охрабрат во некоја наредна средба да заеднички усвоиме став и позиција со која што ќе настапуваме во иднина во процесот на преговори, заклучи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Најнови вести

Локални избори 2021