четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 133
home Вести

Мицкоски: Не обвинуваа дека шириме лажни вести, за сега американскиот институт да потврди дека Владата на Заев шири лажни вести за Ковид-19

Мицкоски: Не обвинуваа дека шириме лажни вести, за сега американскиот институт да потврди дека Владата на Заев шири лажни вести за Ковид-19

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета на Индустриската зона Чијлија во Општина Петровец им порача на луѓето во власта да си поднесат оставка и да ја ослободат Македонија од нивната неспособност, со што ја брукаат државата и македонските граѓани на меѓународна сцена.

Ова Мицкоски го порача запрашан од медиумите за коментар за последната анализа на Американскиот совет за здравје и наука, во која Македонија ја смести во државите кои даваат сомнителни статистики во однос на новозаболените, оздравените и починатите лица од Ковид-19.

Мицкоски изрази жалење што со маката на луѓето, луѓето во власта си поигруваат за лично да профитираат, при што потенцираше дека тој уште на почетокот алармираше дека се прави манипулација со бројките за Ковид-19 за што од Владата беше обвинуван дека шири лажни вести, за сега да се покажи дека се тој што зборувал е вистина.

– Нели ние бевме тие кои што не ја говореа вистината, нели мене ме обвинуваа се сеќавате, оние политичари налик на Зоран Заев донесени од Али Експрес, мене ме обвинуваа дека јас сум бил тој кој што шири лажни вести. Ама некако, се што кажав така и излезе. Така и оваа работа излезе. Жалам што на маката на луѓето некој си поигрува за да лично профитира. Наместо денеска да држат брифинзи со новинари и наместо да функционираат таму каде што се, треба веднаш да седнат и да си ги напишат оставките и да ја спасат Македонија од нивната неспособност. Тоа е мојата порака што сакам да им ја кажам. Од ден на ден се покажува колку само овие луѓе не знаат и колку само ја брукаат сопствената држава, но и сопствениот народ, порача Мицкоски.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија