сабота, 21. јули 2018. Вести денес: 32
home Вести

Мицкоски: Не може државата да биде заложник на Заев за она што ветил дека ќе го исполни, а сега не може да испорача

Мицкоски: Не може државата да биде заложник на Заев за она што ветил дека ќе го исполни, а сега не може да испорача

Јас сум свесен дека сега доаѓа период кога ќе се измислуваат работи за мене, кога ќе се прават конструкции, ќе има разно разни притисоци, мешетарења, лево, десно, врз ВМРО-ДПМНЕ и врз Христијан Мицкоски. Но, ние мораме да сфатиме некои работи, дека не може нештата на сила да се тераат. Не може нешто што ветувал Зоран Заев, а што не може да го исполни, два милиона луѓе да ги носат последиците од тоа, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој гостуваше во емисијата „Јади Бурек“ на ТВ Сонце.

Мицкоски додаде дека нема притисоци, туку реални односи со меѓународната заедница и различни аргументирања, истакнувајќи дека се командува од мотивот и чиста цел. -Никој не може да притиска кога станува збор за ваше внатрешно прашање кое што вие треба самите да си го решите, рече тој.

Мицкоски потенцираше дека во наредниот период ќе бидат објавени анкетите за рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ, посочувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ има сериозна предност пред СДСМ.