среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 162
home Вести

Мицкоски: Не можат луѓето да патуваат во ЕУ, ја заробија државата и направија енклава, ние ќе се бориме за полноправно членство во Унијата

Мицкоски: Не можат луѓето да патуваат во ЕУ, ја заробија државата и направија енклава, ние ќе се бориме за полноправно членство во Унијата

Македонските граѓани не можат да патуваат во Европската Унија, им забранивте на македонцитее да патуваат во Европа, тоа е единственото што вие го направивте за Македонија, му посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на Зоран Заев на денешниот телевизиски дуел, кој е втори по ред од почетокот на кампањата за предвремените парламентарни избори.

Дуелот се одржа на националниот сервис, МТВ1 каде што Мицкоски му порача на претседателот на СДСМ, Зоран Заев дека Европската Унија ги зарвори границите за Македонските граѓани и тие не се добредојдени таму, затоа што доживеале дебакл во справувањето со падемијата која што е предизвикана од корона вирусот.

-Вие единствено денeска што направивте во Македонија е, им забранивте на Mакедонците, на граѓаните во Македонија да патуваат во Европа. Затоа што денска Европската Унија ги затвори границите за граѓаните на Македонија, затоа што она што се фалевте на почеток на емисијата од ваш успех се претвори во ваш дебакл. Денеска македонците и граѓаните од Македонија се недобредојдени во рамките на Европската Унија, рече Мицкоски.

Тој истакна дека, претходните Влади предводени од ВМРО-ДПМНЕ, но и од СДСМ успевале да напредуваат кон членството во Европската Унија кои обезбедија и безвизен режим, а притоа сочувајќи ги и достоинството и честа. За разлика од нив Заев ја претвори Македонија енклава на Балканот изолирана од Еропа.

-Некои претходни Влади, успеваа да напредуваат и кон членството во Европската Унија, зборувам тука и за претходните раководства на СДСМ, јас и ним им се обраќам, исто како што заробивте Македонија, така ја заробивте и ја оковавте во пранги вашата партија. Но, ја сочуваа честа, го сочуваа достоинството. Обезбедија и кандидатури, обезбедија и безвизен режим. Денеска, вие со вашата политика само успеавте да не направите енклава на Балканот, констатираше Мицкоски.

Мицкоски јасно порача дека тоа време заврши и дека во Македонија доаѓаат прогресивни сили од ВМРО-ДПМНЕ кои ќе се борат за полноправно членство со Европската Унија и дека тоа ќе го направат со исправена кучма, без да бидат понижени и омаловажени.

-Тоа време завршува. Доаѓаат прогресивни сили кои што знаат како да ја одведат Македонија таму каде што треба, а тоа е полноправно членство во Европската Унија, без да одат со свиткана кичма, без да одат наведнати, без да одат понижени и омаловажени.  Држава во која криминал и корупција не може да напредува, порача Мицкоски од дуел на јавниот сервис МТВ1.

 

Најнови вести

Коронавирус