вторник, 2. март 2021. Вести денес: 51
home Вести

Мицкоски: Не ме интересира власт, моќ и функции, ме интересира да си ја спасиме и кренеме државата, да обезбедиме и создадеме иднина

Мицкоски: Не ме интересира власт, моќ и функции, ме интересира да си ја спасиме и кренеме државата, да обезбедиме и создадеме иднина

Мораме да ја обезбедиме иднината. Мора да се излезе од тињата во која сите не ставија. Да ја направиме разликата, да го осветлиме патот заедно, кажа Христијан Мицкоски, во текот на неговиот денешен говор на настан организиран од страна на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ по повод меѓународниот ден на мајчиниот јазик.

-Нели и во една песна стои “Власт е власт ама чест е чест”, Мора да се прочисти политиката, има работи што се прашање на чест, заедно да се бориме, за да заедно победиме. Никогаш, ама баш никогаш не ме интересирала власт, моќ и функции, ме интересира да си ја спасиме и кренеме државата, да обезбедиме и создадеме иднина. Да го стопираме слободниот пад. Доаѓа ново време, доаѓа време на промени. Македонија е посилна од поразите, рече Мицкоски.

Тој потенцира дека е потребен нов почеток, нова енергија, бунт на чесниот народ против нечесните, стануваат обесправените, против оние кои носат неправда.

-Оваа македонска пролет ќе биде посебна. Ова ќе биде чиста борба на народот против хибридниот режим. Ова е повик на сиромашните и гладните против оние кои полнат џебови на трудот на напатениот народ. Пролета доаѓа, а тоа значи дека ВМРО-ДПМНЕ е будно и на штрек. И дека Владата ќе падне брзо, затоа што и чесните луѓе на СДСМ гласно велат дека овие ја претераа, заклучи тој.

 

Коронавирус