понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 7
home Вести

Мицкоски: Не им се плашете, одбијте ги сите закани, уцени и заплашувања, затоа што вие сте вистинскиот господар во оваа држава!

Мицкоски: Не им се плашете, одбијте ги сите закани, уцени и заплашувања, затоа што вие сте вистинскиот господар во оваа држава!

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес беше во посета на Демир Хисар.

-Преубаво место, но за жал со луѓе кои се разочарани од моменталната политичка и економска состојба. Тие велат луѓето од власта тргуваат на големо со нашето колективно достоинство и чест, ветуваа живот, а донесоа страдање и апатија. Почнаа да ја делат земјата на оние кои биле за и оние кои биле протов европската иднина, а во позадина ја пљачкосуваат државата на големо и ги полнат џебовите. И кога ќе речат договорот и не е толку лош јас ќе речам полош е од она што може да се замисли за лошо. Не само што не е зачуван идентитетот туку и тоа што го имавме досега со овој договор сега го губиме. Власта се откажува од сите придобивки кои како држава ги имаме до сега, име, идентитет, јазик за кој сега ќе има фуснота, историја и култура која ќе се ревидира од мешовита комисија и можност за вето на европските интеграции на државата дадено во рацето на јужниот сосед. Народот е обединет и народот добро сфаќа што се случува. Не им се плашете, одбијте ги сите закани, уцени и заплашувања, затоа што вие сте вистинскиот господар во оваа држава, објави Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ порачува: „Вистинскиот излез е овие луѓе да си заминат од власта затоа што само така на Македонија ќе и тргне и само така Македонија ќе победи“.

Коронавирус