среда, 16. јуни 2021. Вести денес: 25
home Вести

Мицкоски: Не е до перцепецијата, до лоповлукот на Владата е!

Мицкоски: Не е до перцепецијата, до лоповлукот на Владата е!

Не е до перцепецијата, до лоповлукот на Владата е! Нов шамар за Владата, ново соочување со реалноста.
Нов пад денес, овој пат на листата на Heritage на индексот за економски слободи. Падот е за цели 8 места за една година. Од 33-то на 41-то место оваа година. Пред нас се Казахстан, Руанда, Боцвана, напиша лидерона ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Државава падна, од групата на главно слободни држави, во групата на умерено слободни земји.
Како една од забелешките се јавните трошења на државата за социјални трансфери, поточно поткупот кој го правеше Владата за време на изборите, наместо инвестирањето во капитални трошења.
Воедно, се забележува на високото ниво на корупција и недостатокот на борба против криминалот.
Два дена, два тешки пада за државата, во две клучни области: борба против корупција и економија.
Сите меѓународни институции алармираат на она што се случува во државата. Ниту правда има, ниту развој на економијата. Ова е полошо од мафија. Оваа Влада ја краде иднината на сите и ја распарчува државата. Потребни се оставки, одговорност и обезбедување на иднина.

ЕУРО 2020

Македонија