недела, 27. септември 2020. Вести денес: 43
Во живо

ВО ЖИВО: Прес-конференција на Христијан Мицкоски

home Вести

Мицкоски: Наводниот скандал со придонесите, треба да го дефокусира кратењето на пензиите, нека го расветлат случајот само да не им се раздрма коалицијата

Мицкоски: Наводниот скандал со придонесите, треба да го дефокусира кратењето на пензиите, нека го расветлат случајот само да не им се раздрма коалицијата

Владата е непресушен извор за критика, бидејќи на дневна основа губиме по нешто. До вчера се расправаа со пазарџиите, сега гледаме дека отвораат со пензионерите, се јавија и лозарите долу во Тиквешијата, доле во Ресенско ги гледаме производителите на јаболко, практично непресушен извор се на скандали.

И овој денеска последниот кога сам со свој камен по глава се удри министерката за труд и социјала. Гледаме како во една неприципиелна битка влезе со градоначалник на една општина. Која што е прилично значајна за СДСМ во минатото и сега, појасни Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, при гостување на емисија на МТВ. Мицкоски појасни дека скандалот што се појави изминатите денови денеска се распрашал поконкретно за што станува збор и ја охрабрува министерката да продолжи до крај на разоткривање на овој скандал.

И ја охрабрува не да ја поднесе кривичната пријава, туку точно да ги наведе имињата. Само се плаши дека на крај ќе заврши повторно со политички договор. Која ќе се удри во ѕид. Да не дојде потоа интеркоалициониот потенцијал во знак прашање. Затоа што сосема е поинаква реалноста, од таа која што се обиде да ја кажува во јавноста, а се со цел да ја затскрие намалувањето на пензиите. Тоа беше главната намена на овој скандал, нагласи Мицкоски.

Коронавирус