Во гостувањето на 24 Анализа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски порача дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ за референдумот ги обединува оние кои ќе апстинираат и кои се против договорот
-Претпоставувам некој ќе одлучи да повика на апстиненција, претпоставувам некој ќе одлучи да повика против, и сето тоа е во рамките на нашиот став, тоа е убавината на нашиот став. Тоа е демократски, порача Мицкоски.