недела, 20. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Нашата позиција е правда без исклучок, а Заев сака селективна правда што е неправда

Мицкоски: Нашата позиција е правда без исклучок, а Заев сака селективна правда што е неправда

Лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски во интервјуто за телевизија МТВ 2 кажа дека позицијата на ВМРО ДПМНЕ е правда без исклучок додека Заев сака селективна што претставува неправда.

– Нашата позиција е секој, секој кој што се огрешил пред законите и се осрамотил пред граѓаните да одговара, нивата позиција е не баш секој туку да има некој кој што ќе биде привилегиран а по потреба тој истиот ако е дел од раководството на СДСМ тогаш тој е безгрешен. Од прилика така би ги сведил преговорите кои што до рано утрината ги водевме пред некој ден а се однесуваат за новиот предлог закон за јавно обвинителство.

Мицкоски кажа дека за време на преговорите наспроти него седел човек кој бледнеел и темнеел мислејќи на Заев затоа што е уплашен дека порано или подоцна за месеци од сега правдата ќе стигне.