понеделник, 24. септември 2018. Вести денес: 73
home Вести

Мицкоски: Наш политички противник е СДСМ и оваа катастрофална влада, секој кој го дели овој впечаток е добредојден

Мицкоски: Наш политички противник е СДСМ и оваа катастрофална влада, секој кој го дели овој впечаток е добредојден

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека политички противник на неговата партија е СДСМ и сегашната влада. Посочи дека секој оној кој е добронамерен и сака да застане во битката против оваа влада е добредојден во партијата.

-Тука нема дилеми и нема предрасуди. Каква ќе биде неговата позиција во структурата на партијата е прашање кое е резултат на разговор. Онаму каде што ќе додаде најголема вредност, рече Мицкоски.

Потенцира дека целта е победа врз политичкиот противник за интересите и доброто на Република Македонија.