четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 186
home Вести

Мицкоски: Народот е понижен, покраден и разочаран и затоа не верува во политичарите- не сме сите исти и затоа мораме да се извлечеме од апатијата

Мицкоски: Народот е понижен, покраден и разочаран и затоа не верува во политичарите- не сме сите исти и затоа мораме да се извлечеме од апатијата

Народот точно знае дека е понижен, покраден, омаловажен и народот е комплетно е разочаран од тоа што се случува и не верува во институциите кои ги предводи оваа влада, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на ТВ дуелот на „Само вистина“ на Канал 5.

Мицкоски посочи дека токму поради погрешните политики на СДСМ и Зоран Заев како и лагите како таа од авион кога се сликаа дека сме добиле датум, повеќе не веруваат во политичари и е во апатија, нешто што мора да се промени после 17 октомври падот на оваа власт бидејќи не се сите исти.

– Се сликаа од авион дека преговараме со ЕУ. Заев викаше дека ги решивме сите проблеми со соседите. Истиот тој претходно се колнеше во жицата и викаше дека нема да го прави тоа што го направи. Сега пак вели дека треба да преговараме Што треба да преговараме, до кога ќе преговараме? Нели имаме договор со Бугарија и дека сите проблеми со соседите се решени? Првиот во владата пред 3 години се сликаше во авион и рече декка почнавме преговори и дека сите проблеми со соседите се решени. Тврдам дека не е така. Усложнети се проблемите поради егзибициите на оваа влада и лошата домат меѓународна политика, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски рече дека после падот на оваа власт ќе мора да ги градиме институциите од почеток.

– Има луѓе кои ја сакаат државата и сакаат да оди напред и луѓе кои работат само за своите лични интереси, а спротивно на интересите на граѓаните и државата, нагласи Мицкоски.

Локални избори 2021