понеделник, 10. август 2020. Вести денес: 71
home Вести

Мицкоски: Наместо здравството на тендерите на Жути и власта ќе го насочиме кон пациентите и инвестиции во капацитетите

Мицкоски: Наместо здравството на тендерите на Жути и власта ќе го насочиме кон пациентите и инвестиции во капацитетите

ВМРО-ДПМНЕ на овие избори излегува со навистина специјална програма која што ќе го таргетира здравството и економијата. Нема да се фалиме со оној познат наратив „блескаме“ кој што го кажува Зоран Заев, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот ТВ дуел на Македонската телевизија.

Мицкоски посочи дека ситуацијата е алармантна и трагична, истакнувајќи дека граѓаните тоа го чувствуваат по сопствениот џеб и по квалитетот на квалитетот на животот.

За жал ситуацијата е малку поинаква од она која што сега ја слушнавме. Ситуацијата е сосема алармантна и трагична и граѓаните тоа го чувствуваат по својот џеб и на начинот на кој што живеат, во квалитетот на животот. Тоа е суштината во која што ние треба да се фокусираме и се фокусиравме во оваа програма.

Мицкоски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ ќе инвестира во здравството, кон пациентите, како и врз здравствените работници кои што изминатите години масовно ја напуштиле Македонија да се вратат дома, наместо во матните тендери на типот на „Жути24“.

-Ние не се фокусираме на здравство кое ќе инвестира во тули за да можат да врват тендерите „Жути24“ или слично. Ние се фокусираме на здравство кое ќе биде ориентирано на превенцијата кон пациентот, и здравство кое што ќе инвестира во знаењето на нашиот медицински персонал, а ќе овозможи истовремено и услови медицинскиот персонал да заработи, а медицинскиот персонал и лекарите кои што ја напуштија масовно Македонија изминатите години во странство, да се вратат дома. Тоа е суштината на нашата програма, тоа е она кое што ние го нудиме, рече Мицкоски.

Коронавирус