вторник, 14. јули 2020. Вести денес: 14
home Вести

Мицкоски: Наместо вистината за Смилковско и Младенов, видовме куферчиња Луи Вутон

Мицкоски: Наместо вистината за Смилковско и Младенов, видовме куферчиња Луи Вутон

Заев имаше три години и беше и претседател на владата, и директор, и обвинител и судија и се беше во оваа држава. И тоа не е краток период, тоа се три години, а Заев сега вели дека ништо не знае, дека се користело неговото име зошто бил премиер, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на првата телевизиска дебата со претседателот на СДСМ, Зоран Заев што се емитуваше на телевизија 24.

– Заев можеше да ја каже и вистината за Нешковски, за Младенов, а ние гледавме само Луи Вутон трас-трас одлуки, рече Мицкоски.

Тој посочи дека токму за ваквите постапките на 15 јули народот ќе ги казни и Заев и останатите функционери од СДСМ, бидејќи она што го слуша од Заев е само лични навреди, флоскули.