недела, 19. јануари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Наместо пари кај граѓаните, парите одат кај власта

Мицкоски: Наместо пари кај граѓаните, парите одат кај власта

2018 година беше катастрофална година на економски план за Република Македонија. Зошто ова го велам? Оној скромен економски раст кој што нам ни се случува во оваа година по принципот пиши-бриши економија ќе биде меѓи последните односно на дното во Европа, во година кога државите во Европа без разлика дали станува збор за држави кои се во Европската унија или надвор од Европската унија, бележат рекордни резултати, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за Сител.

Мицкоски истакна дека со владата на СДСМ и лошите економски политики на Заев, домашната економија бележи намалување, односно се намалува нејзиниот обем на економска активност. Тој додаде дека во 2019 година граѓаните ги очекува тешка година, потенцирајќи ги санкциите од Европската унија за извозот на македонските производители на челик, железо и алуминиум.

-На дело се покажува сработеното на Зоран Заев, бидејќи ако ги анализирате дипломатските активности на оваа влада ќе видете дека се се сведува на едно прашање. Ниту збор има на некоја друга, на економија или за нешто друго. Се се сведуваше изминатиот период на едно прашање а тоа беше прашањето за името. Па така како резултат на запоставување на другите реални теми вие имате сега еден однос од Европската комисија која што вели поради икс причини ние ќе го ограничиме извозот на македонските производители на челик, железо и алуминиум и производи од истите со определена квота. Тоа е уште еден негативен параметар кој ќе се одрази на македонската економија во 2019 година, вели тој.

Според Мицкоски, најкатастрофално ветување од страна на Заев е ветувањето за враќање на парите кај граѓаните, додавајќи дека не само што парите нема да завршат кај граѓаните, туку нивните пари ќе завршат кај луѓето блиски до власта на Заев и СДСМ, преточени во тендери во четири очи.

-Oна најкатастрофалното промашување кој што го имаат е нивната политика и ветувања за парите кај граѓаните. Ние гледаме дека не само што нема парите да завршат кај граѓаните туку од граѓаните ќе бидат земени назад во Буџетот за да можат да си врват тендерите во четири очи преку зголемените даноци и они тоа го правдаат детски со оној пристап Робин Хут, земаме од богатите и даваме кај сиромашните. Но, ако е тој пристапот и ако одлучија да го напуштат рамниот данок, тогаш зошто не почнаа од 5 проценти. Еве од најмалите примања да ги оданочиме со 5 проценти, па да имаме втора категорија со 10 и овие кои што имаат повеќе од 90 илјади денари примања да бидат со 15 проценти. На тој начин ќе се обезбеди квалитативна пропорција, подвлече Мицкоски.