сабота, 11. јули 2020. Вести денес: 0
МЕГА БОМБА

Еве ја целата листа: Речиси цело семејство Заеви, министри, градоначалници и функционери на СДСМ добија кривични од Боки 13

home Вести

Мицкоски: Наместо „можеме“ слоганот на Заев требаше да биде „можевме“

Мицкоски: Наместо „можеме“ слоганот на Заев требаше да биде „можевме“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот ТВ дуел на 24 телевизија истакна дека слоганот на Заев и СДСМ наместо „можеме“ требаше да биде „можевме“ бидејќи за три години не успеа да реализира ниту едно ветување.

-Заев имаше три години време, во оваа држава беше премиер и министер и директор, обвинител, судија и претседател на телото за судски реформи, се да направи, да докаже,  да не затвори како што вели, сите да не затвори, да ги донесе оние милијарди кои ги ветуваше, да донесе мир, да донесе правда. Да ја каже вистината и за Смилковско и за Младенов и за Нешковски, потенцираше Мицкоски.

Тој додаде дека,  за жал, во овие три години од Зоран Заев само видовме Луј Витон куферчиња и „трас трас“ судски пресуди.

-Така што наместо да работат други работи, требаше да работат за народот за оние кои ги бирале. Затоа наместо можеме, требаше слоганот да им биде можевме, нагласи Мицкоски.

Парламентарни избори 2020